Gotta catch 'em all: Nintendo стартува Pokemon игра во проширената реалност

Дали Nintendo конечно го откри рецептот за одлична игра за паметни телефони – алтернативна реалност. Компанијата ја најави Pokémon Go видеоигра за iOS и Android. Доколку сте гледале барем една епизода на цртаниот, веројатни ви е јасно дека станува збор за речиси совршен спој. Во цртаниот тренерите на покемоните одат насекаде низ светот барајќи ги ретките покемони и тренирајќи ги, а благодарение на проширената реалност, корисниците можат да го прават истото. Покрај ова корисниците можат меѓу себе да тргуваат со покемоните или да се борат против играчите во близина, а од она што може да го видиме во најавата ќе има и организирани борби покрај силни противници. Со оглед на тоа дека постојаното гледање во телефонот, одзема од забавата, Nintendo работи на алка која ќе ги известува играчите кога се во близина на дигиталните покемони.

Интересно, но барем за сега нема информација дали Nintendo ја добил инспирацијата од првоаприлската шега на Google од пред неколку години кога компанијата на Google Maps ги вметна покемоните. Видеоиграта е најавена за 2016 година, кога започнува и „Мора да ги фатам сите“ лудилото.

1 коментар на “Gotta catch 'em all: Nintendo стартува Pokemon игра во проширената реалност

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии