Горди сме што ќе имаме кирилични домени, но нема да променат многу

Македонија е петта земја која ги прифати кириличните домени, кои треба да го олеснат користењето на националниот интернет и ќе поттикнат употреба на кириличното писмо. Сега за да пристапите на сајтот на Владата, кој во моментов е единствениот активен кириличен домен, може да внесете „влада.мкд“ наместо досегашната vlada.mk. А откако ќе бидат регистрирани .мкд домените на институциите, ќе бидат отворени за сите други.

Сепак, не очекувајте премногу од кириличните домени. Ова е одлична патриотска вест, за која сме горди, иако не добиваме многу во смисла на функционалност поради техничките ограничувања. Кирилицата е само низа на нејасни букви и зборови во прелистувачот, пример вистинското URL на „влада.мкд“ е всушност „xn--80aaej7a.xn--d1alf“. Поради ова постојат ограничувања до каде може да се користат овие навидум рандом букви и бројки. Да не заборавиме и дека Интернетот е доста поголем од Македонија, и сервисите, сајтовите и апликациите кои ги користиме не се на кирилица. Еден од тие клучни сервиси е имејлот.

„Очекувам да има регистрација, посебно за компании и организации кои имаат карактеристични кирилични букви во своето име“, вели Иван Петрушевски, основач на хостинг компанијата и регистрар на домени, МкХост. „Но, кириличните домени ќе се користат само за пристап на Веб. Ќе биде тешко да се користат како имејл адреси бидејќи некои имејл сервери не прифаќаат кирилични домени“.

На кратко, се сведува на тоа да мора да имате веб сајт со исти алтернативни домени, На двете досегашни верзии – таа со „.com.mk“ и таа со „.mk“, ќе додадете и нова кирилична „.мкд“ адреса.

Но, постои бенефит од .мкд домените кој ќе се види во офлајн светот.

„Воведувањето на доменот „мкд“ спонтано ќе го наметне враќањето на македонскиот збор во секојдневната употреба, но и во севкупното општествено живеење“, рече министерката за култура Елизабета Канческа, која заедно со ИТ министерот Иво Ивановски го претставија кириличниот домен.

Новите домени ќе ја заменат латиницата која се користи во рекламните материјали и билборди. Веб адресите ќе се пишуваат на кирилица пред пошироката јавност, и со тоа ќе го промовираат кириличното писмо. Што е добро. Но, оптимизмот на властите дека ќе успеат да ги мотивираат младите луѓе да користат македонски термини поврзани со Интернет, е можеби малку претеран. Тешко дека некој ќе користи „опслужувач“ за „сервер“ или „џиџе“ за „виџет“.

5 коментари на “Горди сме што ќе имаме кирилични домени, но нема да променат многу

  1. Gluposti teski, dali do kirilicni domejni bevme stignati… Zarem voopsto mozeme da gi koristeme tie kirilicni domejni??

    Pola narod neznaj font kako se menva, a kamo kaj se site kirilicni bukvi od prva.

    Skoro cel nas narod ne koristi mkd strani za biznis, a kamoli da go promovirame makedonskiot pisan zbor preku domejni..

    Mozi se dobri ovie kirilicni strani kako za vlada ili slicno, ama sepak ne bea tolku znacajni za da gi imame :)

  2. Chrome 39.0.2171.99 m (64-bit) го вади кириличниот домен без да го конвертира во "џибериш". Единствен проблем е што првиот пат кога ќе ја посетиш страницата мора да внесиш http://влада.мкд оти само влада.мкд те носи на google search, вториот пат те носи директно на страната, најверојатно запамтува во историја дека е уствари страна. Дај тој шо се разбира поќе нека отвори bug на Support forumot.

  3. Во Chrome ја покажува адресата на кирилица. Единствен проблем е дека ако само се внесе доменот (без протоколот, т.e., http однапред), Chrome не сфаќа дека е адреса него автоматски пребарува. Но, затоа http://влада.мкд работи без проблем и потоа се покажува коректно како адреса на активната страна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии