Горд сум што сум геј, вели Tим Кук, директорот на Apple

Директорот на Apple, Тим Кук, јавно проговори дека е горд на својата хомосексуалност. Иако се знаеше за неговата сексуална определба, сепак г. Кук, кој застана на чело на една од највредните ИТ компании по смртта на Стив Џобс, за прв пат се изјасни пред целата јавност дека е горд што е геј и дека „тоа што сум геј е најдобриот подарок што Господ ми го дал“. Г. Кук во есеј за Bloomberg Businessweek рече дека „не сум активист за геј правата, но сфаќам дека имам бенефиции од жртвите на други“.

Г. Кук го отвори есејот пишувајќи дека сакал да го оддржи основното ниво на приватност, без да привлече внимание на себе, дури и во Apple, која е една од компаниите чиј секој потег е ставен под лупа. Но, напиша и дека му е смачено од криење и од омразата и нетрпеливоста. Предноста која ја има г. Кук е што работи во Apple, компанија која сака креативност и иновации, и каде се прифаќаат разликите меѓу луѓето.

„Ако откритието дека директорот на Apple е геј му помогне на некого кој се мачи да дојде до сознанието за кој е и што е, или да му даде поддршка на некој што се чувствува осамен, или да инспирира други за да се борат за еднаквост, тогаш вреди да направам замена со мојата лична приватност“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии