Гораст, Данко, Бобо и Паци наскоро се враќаат со нова сезона на GG.MK

Image courtesy of GG.MK

Надополнување, 10 октомври 12:40

Почетокот на новата сезона на ГГ.ТВ е поместен една недела. Наместо 16 октомври првата епизода ќе можеме да ја видиме на 23 октомври.


 

Добри вести за сите љубители на гејмингот од Македонија, единствената емисија за гејминг, видеоигри и хардвер се враќа од следната недела. Новата сезона доаѓа без премногу промени, иако ќе има и изненадувања. За она што ќе се случува оваа сезона зборувавме со Гораст Цветковски.

Кога почнува новата сезона?

Најверојатно, онака, 97.4% на 23 октомври 16 октомври. Првично планиравме на 2-ри, но ни дојдоа неколку идеи кои сакаме да ги имплементираме и ни треба уште време :)
И најјакото е дека фановите имаат за се разбирање. Респект!

Што може да очекуваме? Ќе има ли некој промени?

Ќе има повеќе гости, динамиката на епизодите малку ќе се смени и нема да биде толку ретко поделена, епизодата ќе се дели и става по делови на Јутуб по теми за секој да може да прегледа тоа што ќе го интересира, ќе имаме јавувања во живо, ја апдејтиравме сценографијата, во техничка борба сме да има верзија и во 360 степени (ова е ри`л бич да се дотера, траст ас!) и ред други апгрејди и апдејти кои ќе ги видите.

Колку сте задоволни од развојот по првите неколку сезони? Чувствувате ли некоја промена во перцепцијата на гејмингот во Македонија?

Гледаноста се зголемува, бројот на фанови расте, фирмите што сакаат да не поддржат ги има повеќе, но ништо не ни прави толку многу ќејф како фактот дека гејмингот во Македонија доживува ренесанса. На секое поле. Дури и играчници почнаа да се отвараат. Се случуваат гејминг собиранки, турнири и здружувања, се прават гејминг митапи, се гледаат странски е-утакмици. Се случуваат гејм дев џемови, па дури и се отворија неколку гејминг компании.

Која игра едвај чекате да излезе оваа сезона?

Бирај! Ги има еден тон. Прво на врв на јазик ми (Гораст) е Red Read Redemption 2. То повлекви конзоли… :/ Но, тука се и Wolfenstein II: The New Colossus (ова е тазе), Middle-earth: Shadow of War (и ова доаѓа брзо),… Far Cry 5 :D

Имавте ли омилен гостин / епизода?

Сите различно. Заедно се сложивме дека епизодата со Кире `gojdo` Ачкоски, од форумот на IT.mk беше прилично содржајна, едукативна и интересна. Александар Крстиќ кој работи за Infinite Ward ни донесе ептен моменти, ко ние да работиме на игри. Дајана од Napnok Games, по Skype беше исто многу кул и интересно. Овие се од минатата сезона. Од сите до сега мислам дека епизодата во Cineplexx беше д бомб и финалната епизода од прва сезона кај што свиревме Guitar Hero беше забавна, но банирана од бар 10 јутуб клејмови.

Според вас кој настан/игра гејмерски ја одбележа минатата година?

Хах… на ова прашање дискутиравме и сфативме дека сите имаме различен момент, а уствари нема ништо WOW за да се одвои. Данко имаше игра на Е3 – Frantics, на Бобо му е јако за новите Intel процесори, Гораст е презадоволен од посетата и скејлот на Global Game Jam 2016. Паци се запиша на школо пак…

Вообичаено кога конзумирањето на видеоигри е во прашање, поделбатa е родители и деца. Имате ли некој совет пред почеток на ова сезона?

За децата: Се е во мерката. Прекумерно јадење на Бајадера (не е спонзор ова) по некое време ќе здосади. Најважното нешто е училиштето и фамилијата, потоа доаѓаат другарите и кафаните, а на трето место е гејмингот. Доколку првите две се доволно застапени, никој нема да замери и забележи колку време поминувате играјќи игри.
За родителите: Држете среќа да ви се погодат децата.

Се гледаме на 23 октомври 16 октомври, 97.4%! =)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии