Google:Целта ни е еден точен одговор за секое пребарување

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage} Пребарувањето треба да биде поврзано со мозокот, а иднината е мозочни импланти, се шегува Ерик Шмит, извршниот директор на Google во интервју за TechCrunch. Иако мозочните импланти се шега, сепак „тој прави и сериозна поента со тоа“ пишува TechCrunch. „Поентата е дека треба да се разбере што точно луѓето сакаат“.

На прашање како да се подобри интернет пребарувањето и што не очекува во иднина, г-дин. Шмит одговара дека целта е да се даде на корисникот еден точен одговор на неговите прашања.

„Не знам како да ги окарактеризирам следните 10 години освен да кажaм дека ние ќе дојдеме до точка кога ќе можеме да дадеме еден одговор, и тој да биде точниот одговор. Ако прашате нешто денес, колку Американци имаат пасош?, одговорот на Google ќе биде веб сајт од некој кој се обидел да го одговори тоа прашање и има неколку одговори. Тоа е всушност интересно за читање… така одите на еден добар конечен сајт. Тоа што јас би сакал да го направиме е да дојдеме до точка кога ќе можеме да го прочитаме неговиот сајт и да ја сумираме содржината, и да го одговориме прашањето… со цитати и слично.“ вели г-дин. Шмит.

Целото интервју се уште не е комплетно објавено од TechCrunch, објавен е уводот на интервјуто каде г-дин. Шмит одговара на прашањето „Што е Google?"

„Google e корисничка платформа, феномен
чија основна активност е пребарувањето, но има многу повеќе од пребарувањето… Google е и рекламна агенција… Google е и културен феномен. Сакаме да правиме големи работи кои засегаат голем број на луѓе.“ објаснува директорот на интернет гигантот.

Неповрзано со интервјуто на TechCrunch, но повржано со иднината на Google подолу ќе најдете долго видео од
предавањето на Ерик Шмит на Bloomberg за иднината на технологијата.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии