Google значително ќе го ограничи политичкото рекламирање, Deep Fakes се дел од промените

Микро-таргетирањето нема повеќе да биде достапно во политичките рекламни кампањи на Google Ads.

Компанијата најави две прилично големи промени кои ќе бидат имплементирани на сите пазари. Првата ќе оневозможи таргетирање во зависност од политичкото убедување, а втората ќе оневозможи споредба на сопствени бази на гласачи со база на Google и потоа презентација на реклами на овие корисници преку Google Search или YouTube. Овие листи често се листи на партиски членови или активисти за кои постојат податоци кои се таргетирани за рекламирање во овој случај. Дел од податоците кои ќе бидат непристапни се и гласачките списоци, објави Google на својот блог.

Категоризацијата за политичкото рекламирање ќе биде ограничена на следниве групи: возраст, пол, локација (на ниво на поштенски број). Кампањите може да се поделат да таргетираат читатели на економска содржина, но не повеќе од ова.

Еден од новитетите е првото споменување на лажните видете (deep fakes) во овој контекст. Заедно со куп различни ограничување кои се однесуваат на точноста на пораката која ја пренесува рекламата се споменати и монтираните видеа. Сите реклами кои се однесуваат за процесот на гласање мор да бидат точно. Погрешно рекламирање за цензусот, за промена на времето или локацијата на гласање е недозволиво.

Промените веќе следната недела ќе започнат да се применуваат во Обединетото Кралство, по што од 6 јануари 2020, ќе следи имплементација и во останатите региони.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии