Google заврши со реорганизацијата во Alphabet, новата и последната компанија е XXVI

Дејан Соколоски

во Свет

Со новата компанија XXVI, завршува реорганизацијата на Google. Компанијата го започна овој процес пред две години кога Google се подели на повеќе компании, а раководството беше Alphabet.

Новата и последна XXVI ќе биде холдинг. Со новата компанија Google конечно ќе може да ги раздели сите компании. Сега со поделбата на акциите под нова независна компанија, ќе овозможи сите компании и стартапи кои излегоа од Google Inc да бидат независни.

Од Google досега излегоа неверојатни помали компании. Стартапот за ветачка интелигенција DeepMind, автономните возила Waymo, компанијата која специјализира во дигитално здравство Verili, се само еден дел.

Новата компанија ќе биде формалност, вели Google. Станува збор единствено за реструктурирање кое започна во 2015 година. Сепак, ќе има една голема разлика. Со промените, Google нема да биде повеќе јавна компанија, туку компанија во сопственост на Alphabet. Со оваа промена нема да мора јавно да ги презентира финансиските резулатати, објаснува TechCrunch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии