Google започнува со нова платформа – паметни дисплеи

Image courtesy of Google / YouTube

Google пронајде нов дом за својот паметен асистент. Компанијата со повеќе партнери креира нова серија на паметни звучници. Уредите кои ќе треба да ја „поразат“ доаѓаат од: Altec Lansing, Anker Innovations, Bang & Olufsen, Braven, iHome, JBL, Jensen, LG, Lenovo, Klipsch, Knit Audio, Memorex, RIVA Audio, SōLIS и Sony.

Google Assistant на дел од овие производи ќе дојде на уред кој не само што е паметен звучник, туку има и дисплеј. Овие производи доаѓаат од: JBL, Lenovo, LG и Sony. За жал, за паметните звучници со дисплеј од Google нема да бидат достапни пред летото, јави Verge.

Уредот нема да ги има сите можности на паметен телефон. Нема да може да прелистувате по интернет без тоа да го правите преку асистентот. Основните можности на Google Assistant остануваат дел од оние на телефонот. Може да прегледувате по календарот, да ви помага со упатства, рецепти, а овозможува и видео-конференциски разговори. Дополнително, може да гледате и YouTube видеа кои ќе ги пронајдете.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии