Google започнува да тестира огласи во слики

Дејан Соколоски

во Веб, Свет

Неодамнешно истражување покажува дека над 50% од купувачите првпат се среќаваат со производот кој сакаат да го купат на слика. Веројатно ова е и основната причина поради која Google започна да тестира технологија која прикажува реклами директно во, или барем над сликите. Засега рекламите во слики им се достапни на мал дел корисници.

Ова не е преголем новитет, сличен план има и Pinterest, a и Facebook со Instagram. Она што ќе го овозможи Google е директно на сликите да се појавуваат огласи. Според она што го покажаа во балончиња над сликите ќе покажуваат основни податоци за производот. Пример: име, цена и некоја дополнителна карактеристика, дали производот е на попуст или можеби има бесплатна достава.

Сликите се обележани со „налепница“ за цена и кога некој ќе ја отвори оваа слика ќе може да види кои предмети од сликите се на продажба, колку чинат и каде може да се купат.

Рекламите ќе се прикажуваат на сликите резултат на пребарувањето на Google, засега само за еден мал процент на корисници и за неколку широки категории. Секако ќе биде интересно да видиме во која насока ќе продолжат да се развиваат рекламите во слики, колку брзо ќе ги прифатат корисниците и секако кога Google ќе ги прошири на поголем дел категории и корисници. Според најавата повеќе категории ќе бидат достапни во следните неколку месеци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии