Google+ започнa да ги верификува профилите на познатите личности

Google+ постојано се надоградува благодарејќи на грешките на останатите друштвени мрежи и присвојувајќи ги нивните најдобри иновации. Најновата новина што Google+ ја презентираше е верификацијата на официјални профили, поточно профили на славни личности, следејќи го примерот на Twitter кој го користи истиот концепт веќе подолго. Како што реков, Google+ си позајмува тоа што е корисно.

Доколку се прашувате дали Google+ профилите на некои славни личности се навистина нивни, нивните имиња ќе бидат штиклиран со сиво знакче, кое ќе има за цел да означи верификуван профил. Google со овој потег продолжува да ја спроведува својата политика против лажните профили.  За сега, верификацијата на официјални профили е достапна за познати и јавни личности, како и за оние кои се додадени во многу Google+ кругови. Според Вен Аи Ју, вработена во Google+, можноста за верификување на профили ќе биде достапно за поголем број на луѓе.

За да видите дали некој профил е вистински, со курсерот треба да поминете над сивото знакче, каде ќе ви се појави дека се работи за верификуван профил. Знакчето за верификација не се појавува во стримот или кога личноста коментира, за да се види треба да се отиде на профилот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии