Google забрани промоции на новите Google+ страници за брендови

Вчера пишавме за стартувањето на новите Google+ страници, а веќе еден ден потоа започнаа да излегуваат интересни услови за користење на овие страни. Политиката за користење на Google+ страниците налага сопствениците на страниците да не се служат со било какви промотивни активности директно на друштвената мрежа.

Според овој услов, брендовите и компаниите не смеат да водат наградни игри, разни понуди, купони, или било какви промоции на своите Google+ страници. Дозволено е само да се додаде линк до други веб сајтови или друштвени мрежи каде се водат промотивни активности. Доколку овој услов е прекршен, Google+ има за право да ги брише промотивните содржини, па дури и да ја блокира или избрише Google+ страницата која не се придржува до политиката на Google+.

Предходно, со лансирањето на Google+ се кренаа лавина негативни реакции за политиката на оваа друштвена мрежа според која корисниците мора да го користат своето вистинско име. Голема е веројатноста дека и горенаведениот услов за користење на Google+ страниците ќе биде дочекан со негативни реакции.

3 коментари на “Google забрани промоции на новите Google+ страници за брендови

  1. Причината за тоа според тоа што прочитав во последно време мислам дека е поради Гугл Оферс, како што кај нас се Колектива,Групон,ТопТАн и сл. ;)

  2. Доста чудни одлуки почнаа да донесуваат од Google, во последно време. Ако е забрането организирање на било какви промотивни настани, наградни игри и сл., тогаш која е поентата да постојат тие страници за брендови? Зошто некоја компанија би имала G+ страница преку која ништо конкретно не би можела да направи. Ама тие си знаат…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии