Google за прв пат забележа 1 милијардa посетители во еден месец

Сепак, Google не е осамен на врвот. На второ место е Microsoft со 905 милиони уникатни посетители, а трет е Facebook кој забалежал 714 милиони посетители за еден месец, додека Yahoo е на четврто место со 689 милиони уникатни посетители.

Секако на Google со својот 8% раст најмногу му помага зголемената популарност на Gmail и доминацијата на YouTube кој останува да биде сервис на кој се гледа дури 50 отсто од севкупното видео на Интернет. Најголемиот пораст на посети на сајтови на Google се забележува во Индија и Јужна Африка.

Проценките на comScore се извадени од следење на навиките на 2 милиони интернет корисници и од проценки на посети на страни од стоте објавувачи на веб содржини. Мерењата на интернет сообраќајот comScore ги започна уште во 2006-та кога Google имал само 496 милиони уникатни посетители месечно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии