Google за малку ќе ги купеше електричните автомобили на Tesla

На почетокот на 2013 година Илон Маск бил подготвен да ја продаде Tesla Motors на Google. Договор бил постигнат со Лари Пејџ, а по ракувањето и адвокатите на двете компании започнале да ги креираат договорите за продажба. Станува збор за период во кој Tesla Motors беше во незавидна финансиска ситуација на праг на банкрот. Елон Маск го побара Лери Пејџ, а според информациите покрај 6-те милијарди долари за компанијата, дел од неговите барања биле инвестиција од пет милијарди долари во фабриките и обврска дека Google ќе продолжи со развој на електричните возила најмалку до третата верзија на моделот S кој компанијата ќе го издаде во 2017 година, објави Bloomberg, цитирајќи делови од биографијата „Elon Musk: Tesla, SpaceX, and the Quest for a Fantastic Future“, чие излегување се очекува на 19 мај.

Но, договорот се одложи до мај 2013-та кога компанијата веќе започна да остварува профит од продажбата на автомобили и првите проблеми кои ги имаше електричниот автомобил беа надминати. Благодарение на ова г. Маск се одлучи Tesla Motors да не менува сопственост, што се чини дека беше вистински избор со оглед на тоа дека оттогаш компанијата не само што е производител на најдобрите електрични автомобили, туку се подготвува и за производство на батерии за домовите.

Претставниците на Google и Tesla Motors одбија да коментираат, а Лери Пејџ изјави дека „Не сакам да коментирам шпекулации, автомобилската компанија сега е далеку од она што го знае Google.“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии