Google Web Designer е алатка за креирање на HTML5 сајтови и реклами

Виктор Дано

во Веб, Софтвер

Google претстави Web Designer алатка за полесно креирање на интерактивни HTML5 веб сајтови и реклами. Според Google, алатка со „професионални опции за дизајнирање“ ќе им овозможи на огласувачите да креираат HTML5 реклами за мобилни телефони и десктоп компјутери. Најважно, Web Designer ќе го олесни креирањето на реклами за различните екрани благодарение на HTML5 кој, вели Google, е универзална алатка за креирање на „убава и интерактивна содржина“.

Покрај рекламите, Web Designer ќе може да се користи и за креирање на едноставни интерактивни веб сајтови со една страна, дури и анимации, што може да им помогне на огласувачите да креираат малку посериозна тематска кампања. Иако алатката е визуелна, сепак понапредните корисници може да проистапат до JavaScript и CSS за да го досредат дизајнот. Web Designer има можност за креирање на 3Д содржина со CSS3.

[youtube]kHj7fqbNaQw[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии