Google во борба против детската порнографија

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Google вчера објави дека ќе почне активно да ја користи технологијата за препознавање на слики во видеа со цел да се обиде да ги отстрани сите видео материјали на своите сајтови кои промовираат или содржат детска порнографија. Истата технологија за распознавање на слики засега е користена и за YouTube за да се спречи објавување на видеа кои нарушуваат авторски права.

Акцијата Google ја превзема во соработка со Националниот центар за експлоатирани и исчезнати деца кој од своето постоење од 1984 година има пријавено над пола милион случаи каде што децата биле експлоатирани и има помогнато за спасување на животите на над 120,000 деца.

Овој проект користи посебна видео технологија која дадена статична слика може да ја препознае во видео и покрај тоа што аглите не се сосема исти. Група на инжинери на Google повеќе од една година во своето слободно време имаат работено на развивање на овој софтвер за автоматско прегледување на видеа и пребарување на над 13 милиони порнографски слики во нив. Пред оваа алатка која автоматски ќе ја извршува работата, истиот процес се одвиваше со "рачно" прегледување.

Со помош на овој софтвер Националниот центар за експлоатирани и исчезнати деца ќе може на брз и лесен начин да пребара во своите архиви и материјали конфискувани при апсења за детска порнографија и да асистира во истрага за пронаоѓање на исчезнати деца.

Покрај овој гест, Google на центарот им подари и Google Search Appliance, Google Earth Enterpirse софтвер, како и разни донации преку програмата Google Grants.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии