Google ви го снима гласот, но може да ги избришeте снимките

Секое гласовно пребарување на Google пребарувачот е зачувано во аудио логовите на компанијата, вели Guardian. Станува збор за ОК Google пребарувањата, а сега можете и онлајн да ги преслушате вашите прашања. Објавувањата на гласовните пребарувања се дел од определбата на Google за поголема транспарентност која сега им прикажува на корисниците што компанијата знае за нив.

Разгледувањето и бришењето на пораките е едноставно. Сѐ што корисникот треба да направи е да се логира на history.google.com, потоа од менито лево да одбере „Voice & Audio Activity,“ и да пребара или преслуша дел од своите гласовни пребарувања. Сепак ако го изгасите Voice Activity off тоа нема да значи дека Google ќе престане да ве снима, забележува Guardian. Тоа значи дека Google од тој момент ќе ве обележи со анонимен индикатор, иако тоа лесно може да се поврзе со вашиот профил и личен идентитет. Решението, освен бришење на дел од резултатите, е да не ја користите оваа услуга.

Иако Google најголем дел од пребарувањата користи за реклами, сепак се чини дека можеби зачувувањето на податоците од гласовното пребарување се дел од некој проект, како на пример, подобрување на алгоритмите за препознавање на гласот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии