Google вели дека се активирани 500 милиони Android уреди

Пред претставувањето на новиот iPhone, од Google објавија дека во моментот има 500 милиони активни Android уреди, а секојдневно нивната бројка расте за околу 1,3 милиони.

„Денес е голем ден за Android… 500 милиони уреди се активирани, а преку 1,3 милион им се приклучуваат секој дeн.“, пишува Хуго Бара на својот Google+ профил.

Ова претставува добар напредок за компанијата, со оглед на фактот дека на Google I/O кој се одржа на крајот од јуни, г. Хуго соопшти дека има вкупно 400 активни уреди и секоја секунда се активираат по 12 нови Android уреди.

Тој, исто така, информираше и дека е вратена статуата на Jelly Bean (Android 4.1) кој во моментот баш и не е составен дел од многу уреди. Паметниот телефон Galaxy Nexus од Samsung и компјутерскиот таблет Nexus 7 од Asus, се едни од ретките што работат на оваа верзија на овој оперативен систем. 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии