Но Google нема да ги тргне пиратските сајтови од резултатите, што ја прави незадоволна музичката индустрија која е главен иницијатор на ваквите промени.

Исто така, Google ќе направи алатка за побрзо поднесување барање и тргање содржина која ги нарушува авторските права од своите сервиси како Blogger, YouTube… во рок од 24 часа, што е според американскиот DMCA акт.

Ќе има промени и во анти-пиратскиот преглед на AdSense, за да нема Google реклами на пиратски сајтови. Ќе се промени и како соодветната оригинална содржина да биде подостапна за индексирање и прикажување во резултатите од пребарувањето.

Сите промени ќе бидат имплементирани во следниве месеци.

12 коментари на “Google веќе нема да помага при пребарување пиратерија

  1. како и да е пиратеријата како и секогаш ке си го најде патот до милионите конзументи!!!
    Moжеби во иднина торент нама да се вика торент ,или пак ке го промени својот облик. Некои работи едноставно се комплицираат без потреба. А ако некој музичар не може да направи богатство од продавање цд,тогаш јас не сум му крив што не го бидува да направи добар концерт.
    За воља на вистината мислам дека сите такви плачковци треба да одат на часови кај Цеца Ражњатовиќ а не да се бунат дека им сметал некој ТОРЕНТ.

    1. Со други зборови, ти би сакал да си продолжиш да си крадеш, ако може.

      Зошто мислиш дека крадењето он-лајн од, наводно, неспособни музичари, е различно од — на пример — да влезеш на концертот на Цеца без да платиш карта, низ некоја дупка во оградата.

      И дали мислиш дека, ако те фатат обезбедувачите на тој концерт, ќе се насмеат на твојата приказна дека Цеца е неспособна да си го обезбеди концертот од падобранци, и, задоволни од твоето мудро размислување, ќе те пуштат да си одиш без да те искршат од ќотек?

      Крадење е крадење, наречи го како сакаш, па дури и плачење.

      1. Interesno od tebe Vanco,prosto covek da ne veruva deka nikogash dosega nemash simnato nisto od internet i sega odednash posle naslovot za google site sakaat da bidat svetci…tipicno makedonski neli????
        ps. Virtuelen svet nasproti dupka vo ograda za vreme na koncert na Ceca …kakva paralela cccccc?

    2. Како прво, музичарите не можат да направат богатство од својот прв албум, сите пари одат како отчет за тоа што „продукцијата“ им помогнала.

      Затоа се приморани да одат на концерти, од тоа и ги вадат парите, и нормално ако „ги бива“ да можат да заработат да си го платат следниот албум, арно, инаку и тие се во каша.

      Немој да ги нарекуваш музичарите плачковци само затоа што продукцијата бара пари за сопствениот „посед“. Да, посед на продукцијата. Не го гледаат како уметност. И сигурно дека ќе го штитат тој посед со сите права на копирање што ги имаат.

      Затоа, ако сакаш да бидеш лут на некого, пробај вака: отстапи назад десет чекори, разгледај ја состојбата од друг агол и тогаш одлучи што не ти одговара и што сакаш да преземиш за тоа.

      1. azder mozeme da mudruvame do kolku sakash realnosta i cistata logika vika deka nitu imalo nitu pak ke ima spas od piraterijata,na kraj od kade znaesh poradi koi pricini i sto ima pozadi seto ova sto google go pravi ili "ima namera" da go napravi? ZNam tesko e a izborot e sega mnogu golem,sto se odnesuva pak do golemite svetski igraci vo domenot na zabavata imaat pravo da placat i da kukaat odnosno da se zalat na torrenti i slicni drugi izvori.Ti se fati na moite zborovi od tekstot i toa e ok no se plasam kako ke im objasnish na milionite kako mene.Sum slushnal deka ISOHUNT bil kanadski torentreactor,pricina poveke rabotite da se razgledaat podlaboko i voedno da se iskluci ekonomskiot faktor kako precka za legalna razmena.
        Se prasuvam dali megju onie sto se bunat i placat se i produkciite na nekoj od nasava estrada pa da receme i od balkanot? Dusickive edvam cekaat nekako nivnata muzika da stane slusana i prifatena od lugjeto da stigne do niv bilo kako za da potoa nekade pred nova godina po pat na tezga ili koncert od tipot na neodamnesniot na Ceca dobro da se obezbedat pa site torenti so nivna muzika ednostavno da padnat vo vtor plan. Pozdrav

      2. Искрено не ми менува дали била цеца или некоја фуфа од емдва, подеднаква штета прават врз музичката култура. Додека причината за што постојат торентите би ја дискутирале друг пат, нема врска со тоа дали Ванчо симнал торенти или пак дали ти ги гледаш за свети. Важно е тоа што ти го кажав, односно:

        Сопствениците на делата се тие што „плачат“, и најчесто тие не се музичарите. Причината заради која што го прават тоа „плачење“ е нормално финансиска добивка, тоа им е овозможено од законот за копирање и нормално, капиталистички гледаат да го искористат до крај. Ни Гугл не се помали капиталисти.

        Затоа ти кажав да размислиш од друг агол, со поладна глава, нормално е дека и мене ми сметаат таквите постапки, но со нарекување на луѓе како мене и тебе „плачковци“ само си правиме меѓусебна штета. Дури и со користење на торенти не правиме ништо посебно во насока на менување на законите кон ограничување на вакви „антипиратски“ и „пиратски“ настани.

        Би ти препорачал да изгледаш едно видео од соосновачот на Creative Commnons, Lawrence Lessig: http://at.azder.mk/g9w66M

  2. Со тоа што арбитрарно, по своја проценка, Google ги филтрира содржините на пребарувањата (а ова не е ниту прв, ниту последен случај), докажува кој е вистинскиот „газда“ на Интернет.

    Ништо не може да го спречи Google утре и од политички причини да исклучи цели држави од своите резулатати, и со тоа, de-facto, да ги направи „невидливи“ за остатокот од светот.
    Ова е уште еден доказ за смртта на нет-неутралноста, и големата промена која се случува пред наши очи.

    Споредете со Фејсбук и ќе видите дека тој (ФБ), иако често прикажуван како „нов владетел“, всушност нема толкава моќ, бидејќи управува со погорните слоеви на интернет-содржините.

    1. Ова што ти го кажуваш не е губење на неутралноста на интернетот како медиум за пренос на податоци (net neutrality), ова е фрагментација и балканизација на серверите т.е. платформите.

      Што е уште полошо, се појавува во систем каде што наместо серверите да бидат кај корисниците, а тие што сега ни нудат сервиси да бидат клиенти, имаме концентрација на информации за нас кај нудачите на сервиси.

      1. Семантика.
        Иако во основа си во право за дефиницијата на нет неутралноста, овде ја подразбирам во поширока смисла: како медиум за пренос на било какви, нецензурирани и нефилтрирани информации.
        Можеби подобар израз би бил нет-невиноста :)

        А она: балканизација — ти е одлично погодено!

      2. Семантиката во случајов навистина прави огромна разлика затоа што со губењето на нет неутралноста телекомите ќе го уценуваат гугл исто колку и нас. Додека фрагментацијата и балканизацијата си имаат соодветни објаснувања. Посебно позната е балканизацијата на C++ . Што се однесува на ова сега, би го нарекол балканизација на web-сервисите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии