Google ве префрла од Gmail на Inbox

Дејан Соколоски

во Веб

Image courtesy of Google

Дали Google се подготвува да го „пензионира“ Gmail и да го замени со Inbox? Дел од посетителите на сервисот забележуваат дека ги пречекува порака која ги префрла на Inbox, а корисниците кои ја користат Inbox мобилната апликација, можат да забележат „Take me to Inbox“ во долниот десен агол, пренесува Forbes.

cvo2wjzweaazmci

Доколку не ви се допаѓа новиот изглед може да одберете да ја исклучите оваа опција. Сепак Inbox има навистина едноставен и современ дизајн. Фокусот на „новото“ сандаче е на пристигната пошта која е поделена по периодот во кој е пристигната и по категории, како и досега. Освен новиот изглед променета е и адресата, па и новата локација е Inbox.google.com.

Промената на поштата која ја прави Google не е преседан. Не толку одамна Microsoft го замени Hotmail со Outlook. Засега е нејасно дали и Google планира да го замени Gmail, или двата сервиси ќе продолжат да постојат паралелно. Gmail има нешто помалку од милијарда корисници, па споредбата со Outlook се чини погрешна, но двата сервиса се клучни за далеку поголем екосистем. Gmail покрај пошта се користи и за Android оперативниот систем, но и за куп други сервиси како Google Plus, YouTube и Google Docs.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии