Google TV ќе се ребрендира во Android ТV

Google наскоро ќе го подобри искуството кое го нуди со Google TV, проект кој требаше да се испорачува со сите телевизори, но реалноста покажа дека не е така. Затоа компанијата работи на промена која наскоро ќе биде објавена, а со неа ќе дојде и ребрендирањето во Android TV, јави Verge кој стигна до ексклузивни информации.

Овојпат фокусот е на едноставноста, па компанијата побара од девелоперите едноставност, наместо досегашниот погрешен обид да се креира џиновски паметен телефон. Девелоперите ќе треба да изработат екстремно едноставна апликација за едноставен приемник. Целта на Android TV е да сугерира содржини како игри или апликации, а не отворање на Hulu или Netflix и оттаму гледање на телевизија. Android TV ќе биде синхронизиран со телефоните и таблет компјутерите и да овозможи гледање на започнати содржини од нив на телевизорот.

Апликацијата ќе треба да користи четири копчиња за навигација од далечинскиот уред, со копчињата горе-долу ќе се менуваат категориите, а лево-десно се резервирани за избор на содржините. Интерфејсот ќе наликува на останатите, па содржините ќе доаѓаат со постерот од филмовите слично како на Netflix или Xbox Live. Освен ова Android TV ќе подржува гласовни команди и нотификации, но Google советува нотификациите да се користат минимално. Новитет во приемникот ќе биде и далечинскиот управувач кој покрај копчињата за навигација ќе доаѓа и со ентер, дома и назад копчиња за да се поедностави стигнувањето до содржините.

„Android TV е интерфејс за разонода, не платформа за процесирање. Се работи за наједноставно пронаоѓање на содржини… Ќе биде филмска, забавна, флуидна и брза“, вели Google.

Ќе биде интересно да видиме дали и кои од производителите на телевизори ќе го прифатат новиот оперативен систем. Пред се омилениот партнер на Google, LG со кои ги издадоа последните Nexus уреди, но веќе ги купија правата за webOS токму за употреба на своите паметни телевизори. Android TV ќе ја усложни и состојбата во која се наоѓа популарниот Google Chromecast кој требаше да биде токму вакво решение.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии