Google TV доаѓа во Европа, но дали ќе биде влијателен?

Google минатата година во САД го претстави својот нов сервис Google TV, кој им овозможува на ТВ приемниците да пренесуваат веб видео, Android апликации, како и интернет пребарување. Поранешниот директор, а сега дел од бордот на Google, Ерик Шмит, на коференцијата во Единбург изјави дека овој сервис наскоро ќе биде достапен и во Европа.

Google TV во САД не доживеа успех и не ги исполни очекувањата, но Google не планира да се откаже од овој проект, фокусирајќи се на подобар хардвер и целосно освежено корисничко искуство. Според Ерик Шмит, Велика Британија е приоритет, и Google TV напрво ќе се појави таму. Google со Google TV не планира да креира сопствени содржини и да се натпреварува со телефизиските куќи, туку да даде поддршка за индустријата нудејќи отворена платформа која претставува еволуција во начинот на кој конзумираме телевизија.

Google го започна проектот Google TV во соработка со електронските компании Logitech International SA и Sony Entertainment Corp. Овие компании креираа посебни уреди кои имаат за цел да го донесат Google TV до телевизорите, но поради слабиот интерес мораа да ги намалат цените на овие уреди од 300 на 100 долари. Слабиот интерес се должи на недоволната поддршка од големите телевизиски куќи, кои веруваа дека Google TV претставува конкуренција.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии