Google Translate сега знае да зборува 34 јазици, меѓу кои и македонскиот и албанскиoт јазик. Додека преведувате цели реченици со Translate, покрај преводот во реално време се појавува мала икона како звучниче. Кликнете и Google ќе го изговори преводот.

Секако дека македонскиот превод звучи чудно и не е правилен, Google вели дека „технологијата за чисто и точно изговарање е тешка да се изработи, но ќе продолжиме да ја подобруваме.“

Најголемиот проблем со изговарањето на македонски, веројатно и на другите јазици е што самиот превод не е точен или пак нема зборови. Пример англиското „where are you from?” се преведува на македонски како „каде сте?“. Но… доколку стe расположени можете да помогнете да се подобри преводот, а со тоа и зборувањето на Google. Кликни тука за да видиш како можеш да придонесеш кон подобар превод. (скокни го Нова Македонија делот :) )

Бидејќи македонскиот или албанскиот јазик се домашни јазици тука, се
се сомневам дека многумина од вас ќе го користат говорењето кога ќе преведувате од други јазици на овие два. Но затоа сервисот е одличен да научите како да говорите на други странски јазици што е уште еден чекор кон премостување на јазичните бариери, конкретно чекор напред кон симултаниот превод додека зборуваме по телефон, се допишуваме на чет, се слушаме на Skype, или си пишуваме коментари на Facebook…

5 коментари на “Google Translate сега зборува македонски!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии