Google Translate сега ќе ви ги снима преводите во ваш личен разговорник

Сега ќе може полесно да научите цели јазици само со Google Translate. Сервисот воведе нова опција со која ќе ви дозволи да си ги снимате преведените фрази во „Разговорник“ (phrase book) за да може со еден клик да ги прегледате. Вака, вели Google, ќе може да ги запомните сите преведени фрази, наместо да ги преведувате постојано. Секако ќе треба да имате во обзир дека преводот го прави машина, па некои фрази ќе бидат малку чудно преведени. Но, оваа машина учи и секој од вас може да придонесе да се подобри преводот, посебно македонскиот превод.

„Со разговорникот на Google Translate ќе може да го забрзате процесот на учење со снимање на најкористените фрази кои ќе може да ги најдете во право време. со прегледување на корисните фрази во вашиот Разговорник од време на време ќе ги претворите кратките преводу во трајно знаење.“, вели Google.