Google Translate сега ќе дозволи сајтовите сами да си ги едитираат преводите

Translate, алатката на Google за преведување, сега доби плагин кој ќе ги израдува сите сопственици на веб сајтови. Новиот плагин Website Translator ќе им овозможи на сајтовите, и на посетителите, да си го едитираат преводот. Бидејќи е статистички машински превод Google Translate знае да греши често, посебно кога се работи за јазици кои не се „популарни“ во светот, пример македонскиот. Со Website Translator сопствениците на сајтот ќе се осигураат дека посетителот кој доаѓа на нивниот сајт преку Translate ќе добие точно преведени информации на можни 60+ јазика. Посетителите на сајтот ќе можат да предложат превод кој ќе биде одобрен од самите сопственици на сајтот.

Секако, најдобро е да се има верзија на сајтот на некој од најзборуваните јазици како англиски, француски и германски. Но, тоа може да биде тешко доколку се работи за сајт со променлива содржина, пример форум или информативен портал. Тоа што е важно е што со Website Translator се подобрува и општиот превод за одредениот јазик на Google Translаte, не само на сајтот.

За да се искористи ова алатка, потребно е да се инсталира Website Translator плагинот и да се додаде мета таг на сајтот. Повеќе ќе прочитате на блогот на Google.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии