Google тестира 5G мрежа која ќе ја доставуваат дронови

Project SkyBender е проект со кој Google сака да ја модернизира безжичната комуникација преку беспилотни летала. Станува збор за милиметарска-бранова технологија која би можела да понуди 40 пати поголем проток на информации од сегашниве 4G мобилни мрежи, вели Guardian.

Ова не е теоретски проект од лабораторија, туку вистински проект кој веќе се тестира во Ново Мексико. Во хангар со големина со 1.400 метри квадратни се сместени беспилотни летала на сончева енергија кои се користат за пренос на податоците. Тестовите се во поодмината фаза, а компанијата веќе има сопствена контрола на летови како дел од Spaceflight Operations Center. „Најголема предност на милиметарските бранови е пристап до нов спектар, бидејќи во моментов спектарот е преполн. Нема простор каде да сместиме нови сигнали,“ вели професорот Жак Рудел кој го води проектот.

Милиметарските бранови имаат далеку помал домет од технологијата која се користи во моментот. Спектарот на зрачење е 28GHz, а дометот е десет пати помал од оној на 4G. Поради ова Google тестира фокусирани предаватели. Процесот и технологијата се сложени и трошат многу енергија, што претставува предизвик кој мора да се надмине доколку технологијата се стави во масовна употреба.

Леталата кои се користат се дело на Google Titan, стартап за беспилотни летала кој од пред неколку години е дел од Google. SkyBender се дел од Google Access тимот заедно со Project Loon, а планот е потполна достапен на интернет насекаде, преку сателити балони и беспилотни летала.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии