Google Street View веќе нема слики само од улиците

Колите кои досега беа главното возило за собирање на слики од 360 степени, имајќи камери на нивните кровови, сега се заменети од трицикли (како на видеото доле) кој им овозможуваат на Google да пристапат до места каде не можат со кола, како на пример Стоунхенџ. Ако сте приватен сопственик и сакате вашиот имот да биде мапиран со на Street View можете да се пријавите овде.

Оваа опција на Google Maps отсекогаш предизвикувала контроверзии околу приватноста. Во септември минатата година, Google почнаа да собираат слики од сите 7 континенти. Прва беше Германија, но само откако им беа замаглени куќите на жителите кои тоа го сакаа, во Италија Google мора да најави кога ќе поминува пред да го направи тоа. Во Чешка пак, е забрането да се слика, а иста таква забрана има и Швајцарија која Google пробува сега да ја тргне. Израелците се пак ентузијасти за целото ова мапирање, работат заедно со Google за тоа да се случи што побрзо.

Ова мапирање се уште не дошло до Македонија, но може да го очекуваме во блиска иднина. Прашањето е кога ќе се случи тоа дали ќе ја загрозува и нашата приватност?

1 коментар на “Google Street View веќе нема слики само од улиците

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии