Google Street View се нурна во океаните

Google Street View продолжува со мапирање и фотографирање на целиот свет. Овојпат се работи за нова локација до која не може да стигнете со автомобил или со возило, бидејќи Google ги објави резултатите од своето четиригодишно документирање на морското дно.

Сликите се направени во партнерство со XL Catlin Seaview Survey, NOAA Office of National Marine Sanctuaries и Chagos Conservation Trust. Целта на проектот освен презентацијата на убавината на океаните и на целата планета е преку додавање на времеснки период кога се направени фотографиите да се прикаже и влијанието на човекот (уништувањето) кое го правиме.

„Дом на најголем дел од животот на Земјата, океанот е своевиден одржувач на животот, со влијание на времето, врнежите и кислородот. Сепак и покрај важноста на окените, тие се менуваат брзо поради климатските промени, загадувањето и прекумерниот риболов, ова е една од најсериозните промени во околината со кои сме соочени.“

Од компанијата сакаат да го погодат терминот за објавување на новата надградба на Google Street View со светскиот ден на океаните – 8 јуни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии