Google Street View наскоро ќе има мапа на загадување

Загадувањето на воздухот е сериозен проблем на повеќе метрополи и поголеми градови. Во Македонија проблем е загадувањето на воздухот во неколку градови, а благодарение најмногу на МојВоздух граѓаните се информираа за загадувањето и опасностите.

За прв пат навистина глобална компанија влегува во овој сегмент. Google ќе креира „хит“ мапа од загадувањето, и во зависност од боите луѓето ќе знаат колку е загадувањето на мапата.

Она што е поинтересно е начинот на кој ќе се собираат овие податоци. Google има 50 возила во Хјустон, Мексико Сити и Сиднеј. Овие возила се опремени со сензори кои ќе го мерат загадувањето додека возат.

Со оглед на тоа дека огромен дел од населението дише загаден и потенцијално опасен воздух, јасно е дека нешто ќе треба да се направи за подобра иднина.

„Со години соработуваме со Aclima за да ја тестираме технологијата. Возбудени сме што може да го направиме следниот чекор и да ја започнеме следната фаза: проширување на повеќе локации во целиот свет преку Street View.  Овие мерења ќе им овозможат на градовите да имаат увид до ниво на населби и  да ги забрзаат своите напори кои паметни и поздрави градови“, вели Карен Туксен Бетман од Google Earth Outreach.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии