Google+ статистика: 73% oд корисниците се мажи, 25% се инженери

FindPeopleonPlus.com e интересна алатка за за барање на луѓе на новата Google-ова друштвена мрежа според име, професија, локација, било што… но има и интересна статистиката која го покажува моментот на Google+ и кој е заинтересиран за мрежата.

Пример, ако пребарувате по локација – Macedonia ќе ви даде листа на 379 македонски корисници повеќето oд Македонија, листата содржи и корисници од Грција и Косово, (благодарност за инфото @BosheStalker), пребарајте според Kumanovo ќе добиете 16 корисници. Интересно, од страна ги има сите информации како окупација, дали имаат Twitter, број на следбеници, колку следат, пол, дали се во врска, дали се на Facebook… а има и листа на луѓе најблиску до вашата локација кои може да ги додадете.

Друга корисна алатка е извлечената статистика од индексираните скоро 950.000 Google+ профили. Се претпоставува дека Google+ има над 10 милиони корисници, па ова можеби и не е прецизна статистика, но го отсликува корисничкиот интерес. Така, воопшто не изненадува што на Google+ кој е во приватна тест фаза огромен дел од корисниците се ИТ луѓе или 25% од корисниците се инженери, 13% програмери, 10% се дизајнери, 11% софтверски инженери… Интересна е статистиката за пол, каде 73 отсто од корисниците се мажи, само 24 отсто или 234.504 се жени.

1 коментар на “Google+ статистика: 73% oд корисниците се мажи, 25% се инженери

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии