Google стартуваше конкурент на GitHub

Без специјална и официјална најава Google лансираше конкурент на GitHub, Cloud Source Repositories. Kако и популарниот GitHub, сервисот на Google нуди простор за складирање и уредување на код на Google Cloud платформата, јави Venture Beat.

Во моментов Google не претставува опасност за Github и сервисите кои нудат слична услуга, но ќе користи како уште една услуга која ќе помогне на Google Cloud платформата. Конкурентите Amazon и Microsoft веќе имаат слични сервиси преку CodeCommit, а корисниците на Visual Studio Online имаат можност за неограничено складирање на својот код.

Сервисот во моментов е во бета фаза и сите заинтересирани можат бесплатно да го испробаат, но се чини дека во иднина ова ќе се промени. Една од информациите кои се потребни за регистрација е број на кредитна/дебитна картичка и иако за пробниот период корисниците не плаќаат ништо, по истекувањето на тест периодот ќе треба да платат доколку сакаат да продолжат да го користат сервисот.

Google Cloud Source Repositories е интегрален дел од нашата приказна за креирање end-to-end cloud алатки. Со овозможувањето за креирање и промени на важите проекти во облакот со остантите ресурси во облакот, добивате единствена локација за се што работите на Google Cloud платформата. Cloud Source Repositories овозможува приватно Git складиште кое функционира со постоечките алатки истовремено нудејќи можност за умножување и енкрипција за да бидете сигурни дека вашиот код ќе биде безбеден и сигурен, како и што очекувате од Google инфраструктурата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии