Google стана стандарден пребарувач на iOS и macOS

Дејан Соколоски

во Вести

Siri отсега нема да го користи Bing како стандарден пребарувач. Наместо ова, за гласовниот асистент на Apple стандарден пребарувач сега ќе биде Google, јави TechCrunch.

Промената е поради желбата на Apple за конзистентност на сите уреди, платформи и сервиси. Досега пребарувањето на Safari за macOS и за iOS беше преку Google. Промената се однесува за „Spotlight“ пребарувачот во Siri кој досега го користеше Bing.

„Со префрлањето на Google за веб пребарување во Siri, Search iOS и Spotlight, корисниците ќе имаат конзистентни искуства од пребарувањето како и Safari. Имаме одличен однос со Google и со Microsoft и остануваме определени на најдобро корисничко искуство“, вели Apple..

Пребарувањето на слики барем засега нема да се менува и останува со Bing, а пребарувањето на видеа сега ќе доаѓа директно од YouTube.

Пребарувањето со Google останува анонимно се додека корисникот не отвори „Show Google Results“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии