Google стана малку попаметен; разликува суперлативи и одговара на прашања

Дејан Соколоски

во Веб

Google е подобар од било когa. Пребарувачот го усоврши препознавањето на прашањата кои му ги поставуваме, надградувајќи го постојниот Knowledge Graph. Но, иако секој човек ќе ви го разбере прашањето, ова не е случај и со компјутерите. Всушност креирање на семантички пребарувач кој ќе ја разбере суштината на тоа што го прашувате е проблем за кој ќе треба уште работа. Но, трката кој попрво ќе направи ваков пребарувач е почната, го имате Wolfram Alpha, Apple Siri, и секако Google кој сега ќе знае да направи разлика во прашањата. Од податоци за поединци, кои ги прикажува со Knowledge Graph, до одговори за едноставни прашање како „Кој е претседател на САД?“ или „Кога е изграден колосеумот во Рим?“… алгоритмот сега ќе даде поточен одговор. Google најави дека алгоритмот ќе може да разбере прашања како „Кои се состојките на шрафцигер?“ во кое ќе препознае дека пребарувате за коктелот, а не за алатката.

Новата надградба на алгоритмот за пребарување овозможува препознавање на суперлативи, па Google може да одговори на прашања како: „Кој е најголем?“, „Кој е највисок?“, „Кој град има најголема популација?“ и слично. Понатаму корисниците ќе можат да пребаруваат по различни периоди, па може да прашате „Која е популацијата во Сингапур во 1720?“ или „Кои песни ги издала Тејлот Свифт во 2014?“ Конечно новата надградба препознава и комплексни прашања како „Кои се дел од татковците на жените на Сет Габел во филмовите?“ или „Колкава е популацијата на САД во годината која е роден Берни Сандерс?“…

Со оглед на тоа станува збор за комплексни прашања кои компјутерите тешко ги разбираат, очекувано е да има грешки во резултатите. Но Google ќе ги решава проблемите како што ќе се појавуваат.

How the Google app understands complex questions

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии