Google Stadia официјално доаѓа во ноември

Image courtesy of Google

Не така одамна Google ја претстави својата визија за иднината на гејмингот – Stadia. Сега неколку месеци по првата објава дознаваме нови податоци за платформата.

Најевтината верзија е Chromecast Ultra кој може да се приклучи на секој понов телевизор и контролерот кој доаѓа за платформата.  Дополнително, игрите можат да се играат и на последните телефони на Google, Pixel 3 и 3А. Stadia Pro овозможува 4К поддршка на 60 fps со HDR и 5.1 surround, но потребен е и 35Mbps интернет пакет. За корисниците со 10 Mbps Google нуди 720р стрим, што секако за најголем дел на играчите е и повеќе од доволно за играње.

Stadia доаѓа во ноември и за почеток ќе биде достапна во САД, Канада, Велика Британија и уште 11 други држави. Корисниците кои ќе се одлучат да бидат помеѓу првите кои ќе ја тестираат платформата за 130 долари ќе добијат стартен хардвер, тримесечен премиум пакет и 31 видеоигра. Секако најинтересниот дел се игрите и еве ја целата листа која ќе биде достапна од ноември:

  • Bandai Namco – Dragon Ball Xenoverse 2
  • Bethesda – DOOM Eternal, DOOM 2016, Rage 2, The Elder Scrolls Online, Wolfenstein: Youngblood
  • Bungie – Destiny 2
  • Capcom – Ќе објават подоцна
  • Coatsink – Get Packed (Ексклузивен наслов за Stadia)
  • Codemasters – GRID
  • Deep Silver – Metro Exodus
  • Drool – Thumper
  • Electronic Arts – Ќе објават подоцна
  • Giants Software – Farming Simulator 19
  • Larian Studios – Baldur’s Gate 3
  • nWay Games – Power Rangers: Battle for the Grid
  • Rockstar Games – Ќе објават подоцна
  • Sega – Football Manager
  • SNK – Samurai Shodown
  • Square Enix – Final Fantasy XV, Tomb Raider Definitive Edition, Rise of the Tomb Raider, Shadow of the Tomb Raider
  • 2K Games – NBA 2K, Borderlands 3
  • Tequila Works – Gylt (Ексклузивен наслов за Stadia)
  • Warner Bros. – Mortal Kombat 11
  • THQ – Darksiders Genesis
  • Ubisoft – Assassin’s Creed Odyssey, Just Dance, Tom Clancy’s Ghost Recon Breakpoint, Tom Clancy’s The Division 2, Trials Rising, The Crew

Листата на игри изгледа имресивно, а делува дека има игри за сите; од љубителите на спортски игри, до игри за љубителите на акции и шутери. Уште поимпресивно оваа листа ќе изгледа следната недела кога дел од идните наслови ќе бидат објавени на Е3.

Платформата ќе овозможи стрим на најдобрите игри за конзоли или PC во Chrome прелистувач. Ова значи дека секој, или речиси секој уред ќе биде платформа за видеоигри. За првите поддржувачи Stadia ќе чини 130 долари, а по бесплатните 3 месеци претплатата е 10 долари. Во 2020 Google ќе објави и бесплатна верзија на Stadia.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии