Google Stadia, дали иднината на гејмингот може да биде во „заградена градина“

По не баш многу време од најавата Google Stadia е достапна за користење. Новиот систем за гејминг од Google е достапен и веќе започнуваа да пристигаат, или веќе и пристигна првите искуства. Помалку изненадувачки првите оценки се речиси исклучиво позитивни, барем кога технологијата е во прашање.

Stadia не е не е баш новитет. Сервиси кои нудат гејминг во облакот постојат подолг период, но ниту еден сервис досега не е подобар од овој, вели The Verge. За играње со Stadia не е потребно речиси ништо од стандардната опрема, не ви треба скап компјутер супер монитор или конзола. Наместо ова доволна е пристојна интернет врска, телевизор, и било кој уред кој може да се користи за стримање. Изборот е оставен на корисникот а достапни му се неколку уреди, Chromecast Ultra dongle, Pixel phone, или Chrome прелистувач на лаптоп и десктоп. Засега услугата е во бета и изненадувачки е што се плаќа. Ова немаше да биде изненадување ако 2020 не беше најавена бесплатна верзија на Stadia. Оваа бесплатна верзија ќе има некои ограничувања, на пример максимална резолуција до 1080р.

Добра вест е дека Stadia функционира солидно и на телевизор и на телефоните. За почеток доаѓа за 130 долари и 10 долари месечно (откако ќе поминат првите 3 месеци). За овие пари доаѓаат и Stadia контролерот и Chromecast Ultra. Што се однесува до игрите со претплатата е достапна и  Destiny 2.

И иако претплатата ќе продолжи и со бесплатната верзија, игрите нема да бидат бесплатни и ќе чинат помеѓу 20 и 60 долари.

Иако добри вести се дека нема потреба од скап хардвер и чекање за преземање на игрите сè е далеку од идеално. Еден од недостатоците е што секако со играњето во облакот ако има прекин со интернет нема ни да играте. Ова е случај и со нестабилни мрежи и за оптоварени врски.

Сепак најголем проблем е што играчите на Stadia нема да можат да играат заедно со играчите на другите платформи. Ова не е ексклузивен проблем на Stadia, но таман се чинеше дека Sony и Microsoft се приближуваат и ќе овозможат заеднички гејминг се појавува нова платформа затворена зад ѕидот. Проблемот на Google е што сите други платформи се подолго присутни и веќе поодамна се етаблирани. Веројатно како предност на Google ќе може да се гледа релативно ниската цена, па ако сакате да играте заедно со другарите и сите сте на различни платформи Stadia можеби ќе биде најсоодветно решение.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии