Google Stadia апликацијата надмина 1 милион симнувања

И покрај фактот што работите во моментов се далеку од совршени кога станува збор за cloud gaming платформите, со сигурност може да се каже дека истите земаат голем замав. Google беа релативно тивки околу тоа колку точно корисници има нивната платформа, Google Stadia. Но, откако ја најавија во ноември минатата година апликацијата за истата има преку еден милион симнувања. Ова до некаде ни дава слика за тоа колку е таа популарна.

Бројката се однесува на вкупниот број на симнувања на iOS и Android заедно, на глобално ниво. Иако апликацијата не е потребна за да ја користите платформата на компјутер или преку Chromecast уред, истата ви овозможува неколку дополнителни функционалности. Најбитните, секако, се можноста да купувате нови игри, како и да го користите вашиот смартфон за играње преку Google Stadia. Токму ова и е причината зошто е скоро сигурно дека сите кои ја симнале апликацијата, ја користат и платформата.

Една работа која треба да се има на ум е дека има и такви корисници кои само ја симнале апликацијата, но не ја користат платформата на Google. Откако Google понудија Stadia Pro за сите во времетраење од два месеци, бројот на корисници е зголемен, но сеуште нема точна бројка, бидејќи информацијата доаѓа од Sensor Tower, а не од Google, пренесуваат Reuters. За жал, Google Stadia сеуште не е достапна кај нас, и останува да видиме дали тоа ќе се промени за брзо.  

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии