Google со софтверска закрпа ќе се бори против забраната за продажба на Galaxy Nexus

Google и Samsung не се откажуваат од Samsung Galaxy Nexus кој од трети јули е забранет да се продава во САД. Покрај жалбата веќе е подготвена и промена на софтверот со која двете компаниите се надеваат дека целосно ќе ја укине забраната за продажба. Надоградба на софтверот ќе биде извршена во најкраток рок, вели  Google.

Aмериканскиот суд одлучи да ја забрани продажбата на Samsung Galaxy Nexus поради четири прекршени авторски правa и поради патент кој се однесува на пребарувањето, и кој е во сопственост на Apple. Покрај надоградбата на софтверот и жалбата се очекува Google и Samsung да побараат одлука за оправданоста на патентот.

Важноста на Galaxy Nexus лежи во тоа што телефонот е прв кој работи на новиот Android Ice Cream Sandwitch оперативен систем, и телефон кој Google го понуди на дизајнерите на софтвер за најновата најавена 4.1 верзија на Android Jellybean. За Google Galaxy телефоните се исто што и iPhone за Apple.

[youtube]-F_ke3rxopc[/youtube]

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии