Google со промени на алгоритмот против фармите на содржина

Google вели дека промената ја прават за да се осигураат дека корисниците нема да добиваат резултати кои се натрупани со написи со низок квалитет, од т.н. фарми на содржина (content farms). Фармите на содржина генерираат голема количина на пишан материјал кој е специфично дизајниран за да ги задоволи алгоритмите за да максимално се застапени во резултатите на пребарувачите. Целта тука секако е рекламната вредност, но проблемот е што овие написи често се со многу ниска вредност, и исто така често имаат судир со авторски права.

Од другата страна на алгоритмот, сајтовите со оригинална содржина ќе бидат истакнати, односно ќе добијат поголемо место во резултатите.

На официјалниот блог, Google вели дека промените се толку субтилни што малкумина ќе ги забележат. Оваа промена покрај тоа што им овозможува на страниците со содржина од низок квалитет да имаат далеку помал ранг, исто им помага и на оние кои имаат содржини со висок квалитет како истражувања, анализи и слично, да се искачат погоре во резултатите. Оваа промена опфаќа 11,8% од нивните пребарувањеа.

На почетокот оваа промена ќе влијае само на САД, но со текот на времето ќе се прошири интернационално.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии