Од денес новиот дизајн е официјален и ќе започне полека да се имплементира за секој корисник ширум интернетот и ќе биде достапен во 37 јазици, а наскоро ќе се појави и мобилната верзија.

На прв поглед, едноставниот Google-ов дизајн сега има повеќе бои. Една од поголемите промени е сега-истакнатиот мени-барот на лево во кој се имлементирани Universal Search, кој сугерира порелевантни резултати, Search Options Panel нуди алатки за поспецифично пребарување, и Google Squared кој прикажува слични теми на пребаруваниот термин.

Втората голема промена е секое пребарување ќе биде препратено со специфични промени на левиот бар. Пример, ако пребарувате слики од нешто, лево во менито ќе има специфични опции, како големина на сликата. Или ако пребарувате термин и одберете лево вести, тогаш ќе се појават опции кои за времето кога е објавена веста.

Нов дизајн доби и логото на Google, кое веќе ја нема сенката, туку е комплетно 2D.

6 коментари на “Google со нов дизајн

  1. А за сите оние што ја мразат оваа монструозност (како мене :) ) поради губењето на симплицитетот кој што го правеше Google привлечен уште од самиот почеток, има една едноставна екстензија за Firefox и Chrome која што ќе го отстрани глупавиот страничен бар.
    http://www.seotools.com/hide-google-options/index

    Не би ни навлегувал во детали колку бескорисна е новата „функција“, Google почна да наликува на Yahoo!, Bing и Ask.

  2. А за сите оние што ја мразат оваа монструозност (како мене :) ) поради губењето на симплицитетот кој што го правеше Google привлечен уште од самиот почеток, има една едноставна екстензија за Firefox и Chrome која што ќе го отстрани глупавиот страничен бар.
    http://www.seotools.com/hide-google-options/index

    Не би ни навлегувал во детали колку бескорисна е новата „функција“, Google почна да наликува на Yahoo!, Bing и Ask.

  3. correct me if I am wrong, ама и нешто друго ми личи дека смениле…
    ќе да бевме само Македонија порано или се лажам??

    gmail IP session query

    Concurrent session information:
    Access Type [ ? ]
    (Browser, mobile, etc.)Location (IP address) [ ? ]
    Browser Macedonia [fyrom]

  4. eeeeeeeeeeeeee pa staro e ova. t.e ovie promeni kaj google uste pred 2 meseci gi vovedoa inace na pocetok bea malku glupi dodeka coek da se navikne ama potoa dobro sluzat i gi podrzuvam

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии