Google со нов Chrome и нова продавница за апликации

Google го надгради својот веб прелистувач Chrome во нова стабилна верзија, петнаесета по ред. Новата верзија на Chrome, која веќе е достапна за преземање за Windows, Mac и Linux, може да се пофали со низа поправени багови, како и со нов изглед на ново отворено јазиче.

Најголемата измена, а воедно и најочигледната, е редизајниираниот изглед на ново отворено јазиче или таб, каде апликациите, обележувачите, и најпосетуваните страни сега се разделени, и може да се дојде до нив преку неколку копчиња кои се наоѓаат на дното на страницата, или со стискање на стрелките од десната и левата страна. Исто така сега и последната веб страница која сте ја затвориле може да ја најдете во посебен дел, со стискање на копче кое се наоѓа на дното од страницата. Претходно сите овие опции беа на една страница.

Покрај подобрениот Chrome, Google ја редизајнираше и Chrome продавницата за апликации, која е комплетно променета. Апликациите и екстензиите сега се претставени во ѕид од слики, кој постојано се ажурира. Сега е полесно и да се добие информација за некоја апликација директно од почетната страница. Сè што треба да се направи е да се помине со глувчето над некоја апликација и ќе се појави нејзиниот рејтинг и краток опис, како и опција да се инсталира. Кога ќе се кликне на некоја апликација, се отвара попап прозорче со фотографии, видеа, други важни информации елегантно уредени во посебни јазичиња.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии