Google сега може да користи машинско учење за да препознае што има на видео снимките

Откако започна да препознава делови од слики, само прашање на време беше пред да може да препознава објекти и на видео. Новото Video Intelligence API на Google ќе овозможи креирање на апликции кои ќе можат да пребаруваат по видео. Ова подразбира дека и самото видео ќе стане „пребарливо“, јави TechCrunch.

Сега корисникот ќе може да пребарува работи во видеата, на пример, куче или дрво. Ова ќе овозможи брза анализа и разбирање на содржините на видеата фрејм по фрејм. Машините се доволно „паметни“ да можат да препознаат кога некој објект се појавува во видеата или кога се менува сцената.

За сѐ ова да функционира видеата мора да бидат поставени на Google облакот.  Клиентите на Google ќе можат да го користат сервисот за да ги анализираат своите видеа, да ги извадат мета-податоците.

Демо на сервисот и пријавување за бета се достапни на следниот линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии