Google се откажа од QR кодовите во Google Places

„Корисниците повеќе нема да наоѓаат единствени QR кодови во нивните сметки на Places. Ние истражуваме нови начини за да им овозможиме на корисниците брзо и лесно да најдат информација за локалните бизниси од нивните мобилни телефони“, вели Google за Blumenthal.

Кога Google ја објавија употребата на QR кодовите во Google Places, интернет гигантот испрати илјадници налепници до бизнисите со намера да бидат залепени на нивните излози. Според нивното истражување, овој експеримент не помина толку добро, односно не беше прифатен многу добро од корисниците, па мораа да го прогласат за неуспешен.

Google веројатно ќе се свртат кон NFC која е новата надежна идеја во светот на маркетингот и комуникацијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии