Google само загребува по површината на можностите, вели амбициозниот Лери Пејџ

Google има 100 милијарди пребарувања секој месец, од кои 15 отсто се нови термини, и вели дека индексира сајтови за неколку секунди за да ги презентира најсвежите резултати. Но, тоа не е доволно вели амбициозниот Лери Пејџ, ко-основач и директор на Google. Во годишното обраќање до инвеститорите г. Пејџ рече дека пред Google се предизвици да ги донесат вистинските информации кога ќе им бидат потребни на корисниците без тие воопшто да почуствуваат дека прават напон при пребарувањето. Еден од начините кои помагаат во ова е Google Now кој презентира податоци без поставени прашања, а секако и интеграцијата со Google+ која помага да се разберат интересите на корисникот.

Не е тајна дека Google сака својот сервис кога ќе биде завршен, според желбите на основачите, да наликува како Star Trek компјутерот. По овој пример дел од податоците треба да бидет мониторирани постојано, на пример податоците за сообраќајот кој ќе им покаже на корисниците каде да завртат за побрзо да стигнат или по која улица да не одат бидејќи сообраќајот е во застој.

„Ако одите од состанок на состанок сакате упатствата да започнат од локацијта каде што се наоѓате (без притоа да ја напишете на мал екран). Подобар контекст ќе го направи сето ова поприродно не само серија на клучни зборови кој вештачки ги внесувате во комјутер. Стануваме подобри – Прашајте колку е висока Ајфеловата кула и потоа кога таа е изградена, со разбирање на различни контести можеме да го направиме пребарувањето да биде разговор“.

Шеснаесет гофини откако го започнавме Google, само што започнуваме да загребуваме по површината на можностите, вели г. Пејџ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии