Google сака да ви понуди бесплатно такси до продавниците

Наскоро е можно Google на своите корисници да им понуди бесплатно такси возење доколку ги погледнат рекламите. Рекламите кои ќе ги гледаат корисниците ќе бидат од продавниците, рестораните или маркетите каде сакаат да купуваат. Засега услугата е далеку, но Google го доби патентот за бесплатните возења.

Алгоритам ќе ја спореди локацијата на купувачот и продуктот кој сакаат да го купат, a доколку е исплатливо продавниците можат да го платат таксито на купувачот. Идејата е всушност кога корисникот ќе види некој продукт веднаш да му биде споредена сметката со таа за таксито и колку би била поевтина. Најверојатно ќе постои и механизам за заштита кој ќе го обврзе корисникот да купи некој продукт пред да му биде испратено возилото.

Иако за почеток е речиси неверојатно дека ќе може да се оправда бесплатното такси возило со замената на такси возилата со автономните Google возила ќе падне и цената на услугата, а со тоа и превозот ќе биде достаен за пониски сметки. Прв проблем на патот на Google може да бидат законите, според кои, во поголемиот дел oд американските сојузни држави не се дозволуваат автономни возила на патиштата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии