Google сака да ви го забрза сајтот

Google претстави нова услуга Page Speed која би требало да го забрза вчитувањето на вашиот веб сајт од 25 до 60%! Google претходно објавени Page Speed екстензија и API кои нудеа сугестии за забрзување на вчитувањето на сајтот.

Принципот на кој работи сервисот е да ги насочите вашите DNS сервери кон Google адреса од каде гигантот ќе ги превземе содржини и ќе започне да го препишува сајтот, да ги копресира сликите, да го средува CSS-то, да ги пакува ресурсите и да користи други техники за побрзување на сајтот, и да ги опслужува сајтовите преку своите сервери ширум светот.

Google понуди и алатка со која може да се тестира вашиот сајт и да се види како Google ќе може и колку ќе може да го забрза сајтот.

Овој сервис е бесплатен за лимитираните тестери, но ќе се плаќа кога ќе биде стартуван. Сè уште нема цена.

2 коментари на “Google сака да ви го забрза сајтот

  1. Епа, не е толку сјајно како што изгледа. Според статијата гледам дека сте ја активирале услугата, и ит.ком.мк ја отвора едвај.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии