Google сака да понуди Интернет кој е 1.000 пати побрз од тој што го имате сега

Google работи на следната генерација на интернет конекција која ќе биде 1.000 пати побрза од таа што е достапна во моментов за корисниците. „По еден гигабит, ќе имаме 10 гигабита. Па компанијата веќе работи на 10 гигабити“ изјави Патрик Пичет од Google, на конверенцијата Goldman Sachs Technology and Internet во Сан Франциско.

„Поголемата брзина ќе ја зголеми и употребата на софтвер како услуга, бидејќи корисниците ќе можат да ги користат и апликациите кои имаат потреба од поголем проток за обработка, а сега не можат да работат мазно на Интернет… Светот се движи во оваа наока. Можеби ќе бидеме таму по една декада, но зошто да не се обидеме да го направиме за три години. Нема причина за чекање…“

Засега Google нема период во кој ќе го заврши проектот, пишува Wired, но јасно е дека нема да биде во блиска иднина, а ова е еден од оние проекти на компанијата како Google Glass или автономните возила кои ќе бидат готови кога технологијата ќе го овозможи тоа. Компанијата веќе работи на насење на 1 гигабитен интернет со проектот Google Fiber засега во три града Канзас Сити, Остин и Прово.

Проектите на кои Google работи во проектот Google Fiber не поминаа незабележано од големите провајдери кои се обидуваат со правни блокади да ја забранат оваа соработка. Државата Канзас има пред себе предлог закон со кој градовите нема да можат да имаат сопствени широкопојасни сервиси, а нема да можат ниту да соработуваат во јавни-приватни партнерства, како тие кои ги имаат со Google.

Покрај Google на 10 гигабитен интернет работи и група на британски научници кои успеаа да ја достигнат оваа брзина користејќи li-fi бежичен интернет. Технологијата се базира на микро-LED светилки кои кога работат во паралела го мултиплицираат сообраќајот. „Замислете ја главата на тушот која ја разделува водата низ секое дупче во паралелни млазови, токму ова се обидуваме да го направим со светлината“, вели професорот Харалд Хас од Универзитетот во Единбург..

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии