Google сака да направи пребарувач кој ќе ви ги завршува работите

Две нови функции кои ги додаде Google минатата недела „find my phone“ и „send directions“ е показател за нова насока во прeбарувањето кое треба да му помогне на компјутерот да ве разбере што всушност барате и да ви помогне, наместо да ви дава резултати по случаен избор основани на клучни зборови.

Ова пребарување за секој сопственик на Android телефон е всушност внесување на команда која овозможува пронаоѓање на телефонот или пак испраќање на траса за движење на телефонот. Секако ќе бидат потребни повеќе примери од овие два, но доколку ги земете во превид: откривање на песна, местење на аларм или постевување на потсетник преку пребарувачот – тогаш наликува повеќе на еволуција на пребарувањето, отколку на неколку случајни функции, вели Fast Company.

Давањето на команди кое е едноставно како и поставувањето прашање е напредок на последната надградба која овозможуваше поставување на прашање, по што корисникот може да постави прашање, а Google да достави одговор. Наместо одговор пребарувачот сега нуди решение, за сега за само два случаи, но во иднина Google би можел да порача пица, да ги исклучи светликите или шпоретот. Останува прашање какво влијани во иднина ова би имало на апликациите кои би можеле да бидат заменети со команда во пребарувачот.

4 коментари на “Google сака да направи пребарувач кој ќе ви ги завршува работите

    1. "Mala ispravka" = Мала поправка

      "prebaruvate ili barate" = пребарувате или барате
      "cluchaen izbor" = случаен избор

      "Se nadevam deka zabeleshkata ke bide dobronamerno prifatena." = Се надевам дека забелешката ќе биде добронамерно прифатена.

      Можно е и некогаш да се научиме и да пишуваме на кирилица…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии