Google сака да направи компјутер како од Star Trek

Google има визија да направи компјутер кој ќе ве разбира кога ќе му зборувате – „Судбината на Google е да креира Star Trek компјутер“, вели Фахад Манјо од Slate. Веќе во компанијата има инжинери кои се инспирирани од таа научно-фантастична серија чија „технологија“ е претставена во далечните 80-ти.

„Star Trek компјутер не е метафора која ја користиме за да им објасниме на другите што градиме. Тоа е идеал кој ние се стремиме да го изградиме – идеална верзија која е е направена реалистично.“, вели Амит Сингал кој го води тимот за рангирање на пребарувањата на Google. „Капетанот Кирк никогаш не вади тастатура за да го праша компјутерот“.

Засега барем се чини дека Google има уште доста да работи до Star Trek компјутерот кој никогаш не греши во препознавањето на говорот, ниту дава листа на можни одговори. Такој компјутер треба да го разбира семантичкото пребарување, односно тoчно да го препознае прашањето и да даде еден точен одговор. Сепак Google Knowledge Graph го носи пребарувачот поблиску до својот идеал, па сега може да добиете одговори на прашања на пример: „Каде да најдам јагоди?“. Освен ова одговорите се пропратени со низа корисни информации според вашите навики поминати на интернет, па освен одговорите: „на фарма“ или „џем од јагоди“ во мојата претрага добив одговор со локации на јагоди во Skyrim. Се разбира ова најчесто нема да биде посакуваниот одговор кој Star Trek комјутерот би го прикажал, но секако е чекор напред кон разбирање на потребите и прашањата.

Додека сме ви исчекување на Star Trek компјутерот еве дел од веќе реализираните технологии кои беа присутни во серијата:

3 коментари на “Google сака да направи компјутер како од Star Trek

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии