Google размислува за преведување во реално време

„Мислиме дека ова преведување во реално време е можно и може да функционира за само неколку години.“ рече Франц Оч, одговорниот за сервисите за преведување во Google, за британскиот Times.

За преведувањето во реално време да стане можно, вели г-дин. Оч, потребни се две работи: препознавање на глас и машински превод. За точното препознавање на глас Google веќе работи на случајот со пребарувањето. Пример е оваа видео од апликација со која му зборувате на телефонот и тој го пребарува тоа што го говорите.

Што се однесува до машинското пребарување тука е Google Translate кој преведува околу 60 јазика со различно писмо. Но, како што може да се види од македонските преводи со Google Translate, преводите не се којзнае колку коректни и треба навистина многу работа и соработка со корисниците за да се добие точен машински превод. Така машинско преведување во реално време може да биде како детката „глув телефон“ игра.

Во секој случај идејата за преведувањето во реално време е одлична. Доколку Google успее да ја овозможи технологијата за мобилните телефони, тоа ќе значи дека многу бргу ќе нема потреба да учиме странски јазици, туку ќе можеме да ги зборуваме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии