Google работи на уреди со екран на допир кои ќе работат на Chrome OS

Виктор Дано

во Хардвер

Google веќе има развиено прв лаптоп со екран на допир кој ќе работи на Chrome оперативниот систем и кој ќе започне да се продава до крајот на годинава, пишува Wall Street Journal повикувајќи се на луѓе блиски до компанијата. Тоа што е интересно, забележува весникот, е што овие уреди на допир нема да бидат конкуретни само на Windows 8 уредите на Microsoft, туку и на таблет компјутерите кои работата на Android, мобилниот оперативен систем на Google.

„И Chrome и Android се базирани на Linux, оперативен систем со слободен код, и компанијата вели дека нема проблем со имање на два конкурентни системи преку кои ќе ги продава своите Google услуги како веб пребарувањето или YouTube.“, пишува WSJ.

Сè уште не се знае со кој хардверски производител ќе соработува Google за овие уреди. ИТ гигантот соработуваше со Samsung и LG за своите Nexus уреди, а Chrome OS се најде на лаптопи произведени од HP, Acer и Samsung.

Google по две години од претставувањето успеа да продаде неколку стотици илјади Chromebooks ширум светот. Но, иако Chromebook лаптопите беа уникатни кога беа претставени, бидејќи се евтини уреди кои нудат директен пристап до интернет, сепак сега добиваат сериозна конкуренција од Windows 8 лаптопите на допир кои не нудат само прелистувач со веб услуги, туку препознатлив и целосно функционален оперативен систем.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии