Google ќе им стане трн во око на oператорите со Project Fi

Fi e одличен проект на Google преку кој се овозможува WiFi телефонија, но потребни се повеќе и подобри телефони, вели Wall Street Journal. Преку Project Fi, Google овозможува телефонски повици преку WiFi мрежа кога е тоа можно. Доколку телефонот не е приклучен на WiFi, повиците одат преку операторите. Најголемиот недостаток на Project Fi е што во моментов е единствено достапен со Nexus 6 кој не само што не е евтин телефон, туку и го нема многу на пазарот. Доколку Google успее да ги убеди Samsung, HTC, но зашто да не и Apple и Microsoft да се приклучат тогаш би имало значително поинтересен развој на настаните, а и бројот на корисници ќе биде поголем.

Сепак барем во моментов Project Fi е во фаза на тестирање и е достапен единствено со покана од Google, па изборот за Nexus 6 можеби е и оправдан. Листата на чекање за користење на Fi во оваа фаза се движи од неколку недели до неколку месеци. Но, зошто услугата е толку популарна? Пред се поради конкурентноста со цените, но и едноставноста во користењето, бидејќи претплатниците немаат потреба да преземаат никакви апликации кои ќе ги користат за разговори. На некој начин Fi не е конкуренција само на телекомите, туку и на куп сервиси како Viber, Skype, Facebook Messenger и слични.

Цената на месечната претплата е 20 долари и дополнителни 10 долари за 1GB интернет сообраќај кој корисникот мора да го купи. Разговорите преку Wi-Fi мрежа се потполно бесплатни како и интернет сообраќајот, се плаќа единствено за разговор преку мобилна мрежа, а корисникот плаќа за она што го потрошил, доколку не го потроши предвидениот сообраќај, остатокот се префрла за следниот месец. За секој дел на овој сообраќај корисникот плаќа колку што потрошил.

Тоа што можеби ќе биде интересно е да се види одговорот на телеком операторите кои веќе се жалат дека заработката им се намалува поради куп иновативни сервиси како Viber или WhatsApp. Доколку и успеат да се изборат за нивно регулирање, тешко е веројатно дека ќе успеат да му сее спротивстават на Googlе кој во споредба со овие сервиси сепак е гигант.

1 коментар на “Google ќе им стане трн во око на oператорите со Project Fi

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии